| четврток, 6 декември 2018 |

В петок концерт во знак на сеќавање на Влада Дивљан

Во знак на сеќавање на легендарниот пејач и водач на ултрапопуларната југословенска група „Идоли“, Влада Дивљан, в петок (13 март), во 20 часот, во клуб „Блок 20“ во Дом на градежници, Скопје ќе се одржи концерт. На концертот ќе настапи познатата битолска група „3G Band“. Групата ќе ги отпее познатите песни и хитови на Влада Дивљан и на „Идоли“, а ние со нашето присуство ќе му оддадеме почит на Влада Дивљан и ќе уживаме во неговите песни, како што се: „Малена“, „Маљчики“, „Девојко мала“, „Ретко те виѓам са девојкама“, „Зашто су данас девојке љуте“, „Све што хоќу да знам“, „Однеси ме“…
Владимир Влада Дивљан (10 мај 1958 – 5 март 2015) е српски пејач и текстописец, познат како водач на српската и поранешна југословенска рок-група „Идоли“, една од групите што го иницираа југословенскиот нов бран на музичката и културна сцена на поранешна Југославија во 80-тите години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top