| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Прокопиев: Лу­ѓе­то ка­ко Вла­да Див­љан се сѐ по­ре­тки

Пос­ле­ден пат се ви­дов­ме ла­ни, на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­да­та „Злат­на бу­ба­ма­ра на по­пу­лар­но­ста“ за трај­ни му­зич­ки вред­но­сти. Се ви­дов­ме уште на про­би­те. Ги сви­ре­ше пес­ни­те кои за­ед­но ги соз­да­вав­ме. То­гаш ве­ќе зна­ев де­ка е бо­лен. Ко­га се срет­нав­ме, имав не­ка­кво мач­но чув­ство де­ка се гле­да­ме за пос­ле­ден пат, се при­се­ту­ва Про­ко­пи­ев

aleksandar prokopiev 2

Александар Прокопиев повеќе децении другаруваше со Влада Дивљан

Смрт­та на ле­ген­дар­ни­от му­зи­чар Вла­да Див­љан, не­ко­гаш­ни­от во­дач на гру­па­та „Идо­ли“ и истак­нат му­зи­чар на ју­гос­ло­вен­ски­от нов бран, нѐ за­тек­на си­те иа­ко бев­ме за­поз­на­е­ни со не­го­ва­та здрав­стве­на со­стој­ба. На 5 март 2015 го­ди­на стиг­на ве­ста од Ви­е­на де­ка по дол­го и те­шко бо­ле­ду­ва­ње по­чи­на Див­љан, кој за пет де­на не го до­че­ка 57. ро­ден­ден. Зад се­бе ги оста­ви со­пру­га­та и два­та ма­ло­лет­ни си­на. Иа­ко пос­лед­ни­те го­ди­ни од жи­во­тот ги ми­на во Ви­е­на, по­гре­бот на Див­љан бе­ше одр­жан во не­го­ви­от ро­ден град, Бел­град.

Але­ксан­дар Про­ко­пи­ев е еден од нај­поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски пи­са­те­ли и про­фе­сор на фа­кул­тет, а за Див­љан го вр­зу­ва лич­но при­ја­телс­тво кое тра­е­ло со де­це­нии. Го кон­та­кти­рав­ме еден ден по смрт­та на Див­љан. Но­ви­на­ри од Бел­град и од За­греб ве­ќе му се ја­ви­ле на Про­ко­пи­ев. Те­шко му бе­ше да збо­ру­ва.

– Лу­ѓе­то ка­ко Вла­да Див­љан се сѐ по­ре­тки – ве­ли Про­ко­пи­ев за Див­љан.

Vlada-Divljan-002

Тој бе­ше та­лен­ти­ран, убав, ре­тко че­сен чо­век и ед­но­став­но мо­ќен, вели Прокопиев за Влада Дивљан

Го за­мо­лив­ме Про­ко­пи­ев да се при­се­ти на за­поз­на­ва­ње­то, друж­би­те и на дол­ги­те раз­го­во­ри со веч­но­то мом­че, а тој пре­циз­но, ка­ко со че­тка, го нас­ли­ка Див­љан ка­ков ќе го па­ме­ти цел жи­вот. Про­ко­пи­ев за­ми­нал да сту­ди­ра свет­ска кни­жев­ност во Бел­град ко­га го за­поз­нал Див­љан на 16-го­диш­на во­зраст.

– Пос­ле­ден пат се ви­дов­ме ла­ни, на до­де­лу­ва­ње­то на на­гра­да­та „Злат­на бу­ба­ма­ра на по­пу­лар­но­ста“ за трај­ни му­зич­ки вред­но­сти. Се ви­дов­ме уште на про­би­те. Ги сви­ре­ше пес­ни­те кои за­ед­но ги соз­да­вав­ме. То­гаш ве­ќе зна­ев де­ка е бо­лен. Ко­га се срет­нав­ме, имав не­ка­кво мач­но чув­ство де­ка се гле­да­ме за пос­ле­ден пат – се при­се­ту­ва Про­ко­пи­ев.

На кра­јот на се­дум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век Див­љан сви­ре­ше во џез-бен­до­ви­те „Мер­лин“ и „Звук ули­це“. Пр­ви­от ал­бум на „Идо­ли“ го об­ја­ви „Ју­го­тон“ од За­греб, а во вре­ме на пр­ви­от сингл „Маљ­чи­ки“, гру­па­та ве­ќе ра­бо­те­ше на култ­на­та ком­пи­ла­ци­ја „Па­кет аранж­ман“ ко­ја вле­зе во исто­ри­ја­та ка­ко ед­но од најв­ли­ја­тел­ни­те из­да­ни­ја на ју­гос­ло­вен­ски­от рок. Пр­во­то из­да­ние на „Идо­ли“ со шест пес­ни е про­да­де­но во 200 ил­ја­ди при­ме­ро­ци.

– Со Див­љан по­сто­ја­но се гле­дав­ме во мла­до­ста. Сви­рев­ме за­ед­но. Нас не нѐ по­вр­зу­ва­ше са­мо му­зи­ка­та, ние раз­го­ва­рав­ме за мно­гу дру­ги ра­бо­ти. Не­го­ви­от ка­ра­ктер оста­на ист низ го­ди­ни­те. Тоа се гле­да на раз­ни сли­ки и во раз­ни си­ту­а­ции. Тој бе­ше та­лен­ти­ран, убав, ре­тко че­сен чо­век и ед­но­став­но мо­ќен. Отсе­ко­гаш има­ше убав од­нос кон лу­ѓе­то. Мал­ку­ми­на зна­ат кол­ку бе­ше обра­зу­ван Див­љан. Тој бе­ше ма­ги­стер по ру­дарс­тво. Тоа не му пре­че­ше со мно­гу ем­па­ти­ја да се од­не­су­ва кон лу­ѓе­то. Ни­ко­гаш не се пра­ве­ше ва­жен, на­про­тив, бе­ше мно­гу искрен – ве­ли Про­ко­пи­ев.

Еден од нај­поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски пи­са­те­ли оди­гра важ­на уло­га во фор­ми­ра­ње­то на култ­на­та гру­па „Идо­ли“. Ток­му Про­ко­пи­ев е пи­ја­нист и тек­сто­пи­сец и втор во­кал во гру­па­та ко­ја по­доц­на ќе се на­ре­че „Идо­ли“. Про­ко­пи­ев ја имал таа сре­ќа сту­дент­ски­те де­но­ви во Бел­град да ги по­ми­не со лу­ѓе кои по­доц­на ќе ста­нат вли­ја­тел­ни и со кои ќе се соз­да­ва но­ви­от умет­нич­ки и ли­те­ра­ту­рен бран. Про­ко­пи­ев е автор, ме­ѓу дру­ги­те, и на култ­на­та „Ре­тко те ви­ѓам са де­вој­ка­ма“. Но, овој пат не са­ка­ше да раз­го­ва­ра­ме за не­го и за не­го­ви­от при­до­нес во му­зи­ка­та и во фор­ми­ра­ње­то на „Идо­ли“. Овие ре­до­ви му се по­све­те­ни на Див­љан, ре­че тој.

Vlada-Divljan-004

– Ве­ру­вај­те де­ка не­му му бе­ше нај­те­шко да се прис­по­со­би на сце­на­та. Му бе­ше по­треб­но вре­ме да се от­пу­шти, да се на­вик­не. Тој бе­ше мно­гу уба­во вос­пи­тан и има­ше го­ле­ма обра­зов­на кул­ту­ра. Од­лич­но сви­ре­ше. Ви­стин­ски ин­те­ле­кту­а­лец во се­ко­ја смис­ла на збо­рот. Мно­гу при­сто­ен, од­ме­рен, но мно­гу те­жок на збо­ро­ви. Од дру­га стра­на, мно­гу љу­бо­пи­тен, мно­гу ра­бо­ти го ин­те­ре­си­раа. Тој по­тек­ну­ва­ше од ви­стин­ско гра­ѓан­ско се­мејс­тво и та­ка се од­не­су­ва­ше се­ко­гаш – го пор­тре­ти­ра со збо­ро­ви Про­ко­пи­ев сво­јот при­ја­тел.

Див­љан бе­ше ико­на на ју­гос­ло­вен­ска­та и на срп­ска­та му­зи­ка. Во по­че­то­кот на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век бе­ше во­дач на бел­град­ски­те „Идо­ли“.  Нив­ни­от ал­бум „Од­бра­на и пос­лед­њи да­ни“ од 1982 го­ди­на за мно­гу­ми­на бе­ше нај­до­бар ју­гос­ло­вен­ски рок ал­бум на си­те вре­ми­ња.

Отка­ко „Идо­ли“ се рас­пад­наа, од 1985 го­ди­на, Див­љан поч­ну­ва ус­пеш­на са­мо­стој­на ка­ри­е­ра, сви­реј­ќи и сни­мај­ќи со нај­поз­на­ти­те му­зи­ча­ри во ре­ги­о­нот, а па­ра­лел­но се за­ни­ма­ва и со филм­ска му­зи­ка.

Де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни Див­љан ги ми­ну­ва во Ав­стра­ли­ја, ком­по­ни­рај­ќи му­зи­ка за филм, ка­де што за­бе­ле­жу­ва од­лич­ни ре­зул­та­ти на по­ле­то на ди­зајн на зву­кот. Во Бел­град се вра­ќа во 1997 го­ди­на, а од 1999 го­ди­на жи­вее и ра­бо­ти во Ви­е­на. Див­љан ком­по­ни­ра­ше и дет­ска му­зи­ка и му­зи­ка за фил­мо­ви­те „Цр­ни бом­бар­дер“, „Се­дум и пол“, „Шест де­на во ју­ни“, „Че­кај ме, си­гур­но не­ма да дој­дам“, „Три пал­ми за две би­тан­ги и ри­ба“ … Ра­бо­те­ше и син­хро­ни­за­ции на цр­та­ни фил­мо­ви, а тој е автор и на нај­дол­го­веч­на­та шпи­ца на ве­сти­те на ТВ Б92. Пред две го­ди­ни му бе­ше ди­јаг­но­сти­ци­ран ту­мор на сле­по­то цре­во, кој му бе­ше ус­пеш­но опе­ри­ран ми­на­та­та го­ди­на.

– Див­љан го са­кам најм­но­гу од си­те чле­но­ви на гру­па­та. Тој ми е нај­мил од си­те – без раз­мис­лу­ва­ње – на пр­ва од­го­ва­ра Про­ко­пи­ев.

Тој истак­на де­ка Див­љан отсе­ко­гаш бил ино­ва­тор во му­зи­ка­та.

– Уште то­гаш мно­гу го ин­те­ре­си­ра­ше ин­ди­ска­та му­зи­ка, ла­тин­ска­та, ром­ска­та. Ма­ке­дон­ска­та по­себ­но ја са­ка­ше, мно­гу ги пе­е­ше на­род­ни­те пес­ни, по­себ­но „Јо­ва­но, Јо­ван­ке“. За­тоа ве­лам де­ка та­кви­те лу­ѓе ка­ко Див­љан се сѐ по­ре­тки – за­вр­шу­ва Про­ко­пи­ев.

Див­љан пе­е­ше и на ма­ке­дон­ски ја­зик. Освен ле­ген­дар­на­та „Ма­ле­на“, тој ја от­пеа и „Ба­ба Зум­бу­ла“, хи­тот на најг­ле­да­ни­от ма­ке­дон­ски игран филм „Бал-кан-кан“.

Див­љан е не­сом­не­но еден од нај­та­лен­ти­ра­ни­те, најз­на­чај­ни умет­ни­ци и не­го­во­то пре­ра­но за­ми­ну­ва­ње е огром­на за­гу­ба. Не­го­ва­та спе­ци­фич­на ли­ри­ка и љу­бов­ни тек­сто­ви го обе­ле­жаа ју­гос­ло­вен­ски­от нов бран на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

 (текстот излезе во 132, број на неделникот „Република“)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top