| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува со глупостите, Видал избегал во хотел за да лудува по дискотеките

arturo vidal

На чилеанаскиот фудбалер во редовите на Баерн Минхен, Артуро Видал, не му доаѓа памет. Тој повторно ги прекршил правилата и кодексите на на баварскиот гигант и по само неколку недели повторно избегал од „базата“ за да може да се алкохолизира“ и да се забавува во ноќните клубови.

Најтиражниот германски весник Билд објави дека тој го напуштил хотелот кој била сместена целата експедиција на Баерн во Торино два часа по полноќ, ноќта откако неговиот тим ремизираше со Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите. Бидејќи до минатата сезона играше во Јувентус, добро ги знае местата каде што се излегува, па во друштво на двајца телохранители и со такси заминал во непозната насока. Интересно е тоа што бил облечен во опрема на Баерн иако на главата имал капа за да го сокрие ликот. Германските новинари не знаат каде се упатил Видал, ниту кога се вратил во хотелот.

Ова е негов трет сличен испад за помалку од една година. Лани во јуни имаше тешка сообраќајна несреќа во својата татковина за време на Копа Америка откако цела ноќ мина во казино, а потоа возеше во алкохолизирана состојба. Тогаш ветуваше дека ќе го смени својот начин на живот, но веќе во јануари направи сличен потег за време на подготовките на Баерн. Тогаш тврдеше дека такво не се случило, па дури и го тужеше весникот Билд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top