Тоа што се славни и богати, не значи дека се имуни на трагедии и несреќи. Овие ѕвезди своите мрачни семејни тајни ги држат подалеку од очите на јавноста, но очигледно не доволно добро.
Софија Вегера
Софија Вегера со својата мајка, брат и сестра се доселила во Америка откако нејзиниот друг брат е убиен во Колумбија. На нејзина несреќа, братот со кој што допатувала во Америка бил баран поради криминал и така ја депортирале назад во Колумбија.
Ријана
Љубовта кон забавите и дивиот начин на живот Ријана најверојатно го наследила од својот татко. Додека живеела на Барбадос, нејзиниот татко водел двоен живот, па си имал уште едно „тајно“ семејство. Ријана има полубраќа и полусестри кои и сега живеат на Барбадос.
Шарлиз Терон
Тајната на оскаровката Шарлиз Терон можеби е најлоша. Кога глумицата имала само 15 години, нејзината мајка го убила таткото кој што бил насилен алкохоличар. Мајка и тврдела дека го направила тоа во самоодбрана, затоа што била нападната. Шарлиз за таа трагична епизода од животот никогаш не зборува во јавност.
Џек Николсон
Славниот глумец Џек Николсон благодарејќи на еден новинар од списанието „Тајм“, дознал дека неговото детство всушност и не било онакво како што тој го доживеал. Имено, неговите мајка и татко, всушност биле неговите баба и дедо, а го одгледувале како свое дете, додека неговата мајка, од некоја причина се претставувала како негова сестра. За жал, членовите од неговото семејство починале и тој никогаш нема да дознае зошто го криеле сето тоа од него.
Мараја Кери
Мараја Кери и позната и успешна, додека нејзината родена сестра Алисон е наркоманка и проститутка. Некое време поминала и во затвор и се заразила со вирусот ХИВ. Алисон на различни списанија им продавала валкани детали од животот на својата сестра, а подоцна ја молела да и прости.
Кевин Спејси
Рендал, братот на Кевин Спејси, открил како нивниот татко се приклучил на нацистичка партија уште додека тие биле деца. Исто така открил дека нивниот татко и сексуално ги злоставувал. Познатиот глумец никогаш јавно не ја коментирал изјавата на неговиот брат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.