Голем скандал ја стресе Англија по апсењето на Адам Џонсон поради секс со малолетничка. Џонсон има настапи за фудбалската репрезентација на Англија, а медиумите на островот пишуваат дека ова е нов голем срам за гордиот Албион. Слични приказни имало и во минатото, но Џонсон, според сите параметри, ги минал границите на нормално однесување. Секако ако судот успее да докаже дека спиел со 15-годишна девојка, како што е наведено во обвинението.
Џонсон е играч на Сандерленд, има 27 години, а пред 30 месеци потпиша договор со „црните мачки“, вреден 10 милиони фунти. Тој бил уапсен, па потоа пуштен со кауција, а денеска нема да игра за Сандерленд против Хал. При апсењето во Дурхем во луксузниот апартман на Џонсон бил пронајден пиштол, но за него крилото на Сандерленд имало дозвола. Адам има 14 настапи за репрезентацијата на Англија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение



