| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го преслуша Татран Прешов

Ракометарите на Вардар победијана гостувањето кај Татран Прешов со 34-29, во меч од  СЕХА лигата. По очајниот почеток и негативата од 0-6 гостите од Скопје потполно доминираа и од минус шест стасаа до позитива од 5 голови разлика. Почетната негатива се стопи до полувремето, а на одмор двете екипи заминаа во егал со резултат 12-12.

vardar-monpelje-13

Од самиот старт на второто полувреме, со голот што го постигна Добривоје Марковиќ македонскиот тим го презеде водство и во 45.минута веќе беше пет гола плус за македонскиотм претставник во Лигата на шампионите.

Марковиќ беше најефикасен со осум гола, а Сергеј Горбок погоди шест пати. Вардар е на втората позиција во Регионалното натпреварување, зад неприкосновениот состав на Веспрем и веќе има загарантирано учество на завршниот турнир за титулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top