Неизвесен меч со малку голови во првото полувреме играаат ракометарките на Вардар против Лајпциг во клучниот меч за „црвено-црните“ во фазата по групи од Лигата на шампионите. Во Скопје по 30 минути игра домаќинките водат со 10-9, најмногу благодарение на расположената Ина Суслина. Голманот на Вардар нареди 4 одбрани во финишот на првиот дел, што им даде крилја на ракометарките на домашниот состав во нападот, да направат пресврт и од 6-7 да стасаат до предност од 10-9.
Вардарки мораат да победат во овој меч, ако сакаат да ги просдолжат надежите за пласман понатаму, а главен „виновник„ за неизвесното прво полувреме е гостинскиот голман Катја Шулке со 9 добрани. Лапциг е на делба на четвртата позиција со 6 бода заедно со Турингер, а Вардар е на еден бод зад нив на петатта позиција во првата група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.