| четврток, 6 декември 2018 |

Нов случај на педофилија – прилепчанец злоставувал 12-годишно девојче

Tриесет и осум годишен прилешчанец е осомничен дека сексуално злоставувал дванаестгодишно девојче кое живеело во неговото соседство. Од Јавното обвинителство информираа дека е прифатена кривична пријава за полов напад врз дете против него, покрената е истрага, а судија на претходна постапка му одредил пртивор.
Според првичните информации, тој го злоставувал детето во текот на минатата година, а случајот бил откриен пред неколку дена кога жртвата одлучила да проговори за пеколот низ кој минала. Таа раскажала дека во текот на јуни, јули и август минатата година, тој неколку пати ја викнал во неговиот дом каде ја заклучувал и потоа ја злоставувал. По секој гнасен чин тој и се заканувал за да ја исплаши и да не каже никому.
 Траумите на девојчето била откриени деновиве кога родителите пријавиле во полиција.
Според статистиката на МВР во привите 9 месеци од минатата имало 48 педофилски случаи во кои жртви биле 54 малолетни деца 42 девојчиња и 12 момчиња. Пријавените педофили сите биле мажи – најмладиот 17 години најстариот 73.  Најмногу педофилски слуачаи имало во Скопје 15, Струмица 6 и Тетово 4.
Последниот случај кој ја згрози јавноста беше објавен пред само два дена – 58 годишен битолчанец кој извесен период злоставувал две деца.
Една недела претходно скопјанец беше осуден на 17 години затвор кој сексуално и физички се изживувал со 13 годишно девојче без родителска грижа – ја силувал ја тепал и ја горел со цигари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top