Во Тирана, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Состанокот го отвори Претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама, кој во својство на претседавач со ПСЈИЕ ги изложи акцентите и активностите вo текот на претседавањетo со Процесот.
Претставниците од земјите членки усвоија заедничка изјава за тероризмот. Во својата интервенција, Министерот Попоски посочи дека: “Реализацијата на развојните проекти со регионално значење се охрабрување за справување со бројни заеднички регионални грижи.
Tерористичкитe напади потсетија дека меѓународниот тероризам налага одлучно и единствено дејствување на меѓународната заедница. Заканата за сите нас ги надминува државните граници. Нашиот одговор мора да биде над-национален. Соработката меѓу државите во оваа борба е неопходна.”
Во рамките на соработката воспоставена во Берлин за земјите од Западен Балкан беше одржан состанок на министрите за надворешни работи на шесте земји кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.Состанокот беше во правец на подготовка на годишниот самит во Виена.
“Разговаравме за приоритетните проекти во енергетско, патно и железничко поврзување. Во овој дел, финансискиот удел од ЕУ фондовите е клучно” – истакна Министерот Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.