| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Вардар е фаворит, но Висла е тврд орев

Филип Лазаров и веројатно комплетниот состав на Вардар сакаа да ја избегнат Висла Плоцк како најтежок противник во осминафиналето во трилингот со Загреб и Данкерк, но ждрепката во Виена ги донесе Полјаците на мегдан и на двомеч со македонскиот претставник во ЛШ.

– Висла е најтешкиот од трите можни противници. Тие се добра екипа со шпански тренер и за мене беа најнепосакуваниот противник за осминафиналето. Од друга страна, можеби е и подобро што добивме силен противник, да не се отпуштиме премногу, посебно по победата против Некар Левен, па да ја направиме грешката што ја направи лани Хамбург. Полјаците ја победија Барселона со што покажаа дека се тврд орев за сите ривали, но јас сум оптимист – изјави Филип Лазаров.

vardar-metalurg-16

 

 

Неговиот брат Кирил Лазаров го имаше рецептот за Висла откако им ја изрешети мрежата на двата дуели во фазата по групи. Кирил постигна вкупно 16 погодоци, но Висла и покрај сѐ одигра егал со моќната Барселона и прокнижи една победа и еден пораз. Дали Филип ќе успее да го репризира достигувањето на неговиот брат против поласката екипа и ќе биде еден од двигателите на успехот на Вардар во осминафиналниот двомеч, ќе покажат двата мартовски дуели со Висла. Првиот меч ќе се игра од 13-15 март во Плоцк, а реваншот е една седмица подоцна во Скопје. Точните термини дополнително ќе бидат прецизирани.  

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top