| четврток, 6 декември 2018 |

Блеф или сензација? Роналдињо од јуни ќе игра во анголското првенство

Роналдињо својата магија ќе ја пресели и на африканска почва.
Претседателот на анголскиот клуб Кабускорп, Бент Кангамба, во интервју за државната телевизија изјави дека остануваат уште само некои ситни детали од договорот кои треба да ги пополни играчот и веќе од јуни Роналдињо да се пресели во анголското првенство.
– Се очекува во следниот период тој да го раскине договорот со актуелниот мексикански клуб и да потпише 12-месечен договор со Кабускорп. Ние преговаравме со менаџерот на играчот уште минатото лето, но тој го одбра Мексико. Со Роналдињо се надеваме дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите во Африка и со успех ќе се натпреваруваме на светското клупско првенство против најдобрите екипи на Европа и на Јужна Америка – додаде претседателот Кангамба.

Интересно е што уште еден бразилски виртуоз веќе настапуваше за клубот од Ангола. Поранешниот играч на Барселона и на Милан, Ривалдо, го носеше дресот на Кабускорп во 2012 година и постигна 11 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top