| четврток, 6 декември 2018 |

Каква легенда е Квадрадо: Брз сум затоа што ме брка вештерка

Хуан Квадрадо дебитираше во саботата за Челси и одигра десетина минути во финишот на мечот против Астон Вила. Челси победи со 2-1, а во центарот на вниманието беше Квадрадо со изјавата дека трча многу бидејќи бега од вештерка што го следи.

„Како дете ме следеа кошмарни сништа. Постојано ме бркаше вештерка. Таман да ме фати, ќе се разбудев. И сè уште не ме фатила“, изјави Квадрадо за „Сандеј пипл“.

kvadra

Изјавата предизвика различни коментари, а од јужномаериканските фудбалери може да се очекува сè, па и ваква приказна. Најважно за Челси е колумбискиот репрезентативец што почесто да игра на нивото на формата што ја прикажуваше во Фјорентина и претходно во Удинезе, со која се наметна како еден од најдобрите офанзивци во Серија А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top