Полицијата трага по маж кој во неделата силувал јапонска студентка во источниот дел на Индија. Случајот предизвика нов бран на незадоволство против сексуалните напади врз жени во Индија. Дваесетгодишното девојче е втората јапонска државјанка, која била жртва на силување во земјата во последните месеци. Од полицискиот извештај е јасно дека силувачот ја сретнал студентката во Џајпур и ѝ понудил да ѝ биде водач. Потоа ја качил на мотоцикл и ја одвел во селото, каде што ја силувал и ја оставил до патот. Луѓе од селото ја слушнале како плаче и помогнале да се поврзе со полицијата. Медицинскиот преглед докажал дека таа е силувана.
Органите на редот трагаат маж на околу 20 години од Џајпур. Во декември, 22- годишна Јапонка три недели беше држена како заложник и групно силувана во индиско село. Полицијата тогаш уапси неколку осомничени, кои, исто така, ѝ нуделе да ѝ бидат водачи на девојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



