| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонка силувана во Индија

iznasiliha-qponka-v-indiq-284636

Полицијата трага по маж кој во неделата силувал јапонска студентка во источниот дел на Индија. Случајот предизвика нов бран на незадоволство против сексуалните напади врз жени во Индија. Дваесетгодишното девојче е втората јапонска државјанка, која била жртва на силување во земјата во последните месеци. Од полицискиот извештај е јасно дека силувачот ја сретнал студентката во Џајпур и ѝ понудил да ѝ биде водач. Потоа ја качил на мотоцикл и ја одвел во селото, каде што ја силувал и ја оставил до патот. Луѓе од селото ја слушнале како плаче и  помогнале да се поврзе со полицијата. Медицинскиот преглед докажал дека таа е силувана.

Органите на редот трагаат маж на околу 20 години од Џајпур. Во декември, 22- годишна Јапонка три недели беше држена како заложник и групно силувана во индиско село. Полицијата тогаш уапси неколку осомничени, кои, исто така, ѝ нуделе да ѝ бидат водачи на девојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top