| четврток, 6 декември 2018 |

Манасков до крајот на сезоната во Вецлар

Дејан Манасков ќе игра за германскиот прволигаш Вецлар до крајот на сезоната, а потоа веројатно ќе се врати во Македонија и ќе биде нов член на Вардар. Ова е разврската по кризата во Металург, клуб од кој си заминаа речиси сите ракометни ѕвезди.

– По тешката повреда на Холт останавме со само едно лево крило. Дејан Манасков одлично се вклопува во нашата филозофија и не се сомневаме дека ќе биде големо засилување за нас, бидејќи станува збор за талентиран ракометар. Договорот е краткорочен, но очекуваме Манасков да даде значаен придонес во Бундеслигата во овој период. Тој е добро подготвен на физички план, па би требало да дебитира в сабота, на дуелот против Хамбург“, велат од Вецлар.

dejan manaskov

Тимот се наоѓа на средината од табелата во германското првенство, на деветтата позиција во конкуренција на 19 состави. Во Вецлар Манасков ќе игра заедно со некогашнито соиграч од Металург, Владан Липовина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top