| четврток, 6 декември 2018 |

Јажето со кое беше погубен Садам Хусеин се продава за шест милиони долари

saddam-hanging

Јажето со кое беше погубен поранешниот претседател на Ирак Садам Хусеин се продава за шест милиони долари. Сегашен сопственик на овој предмет е поранешниот советник за национална безбедност на Ирак, д-р Мовафака Ал-Руби.

Д-р Ал-Руби, кој го водеше Хусеин на погубувањето, е фотографиран во својот дом во Ирак покрај биста на Хусеин, а околу вратот виси јажето.

По објавувањето на фотографијата, голем број луѓе, меѓу кои и двајца бизнисмени од Кувајт, богато семејство од Израел и религиозна организација од Иран, покажале голем интерес за купување на јажето со кое е погубен Хусеин.

Најмногу е понудено шест милиони доалри, но д-р Ал-Руби бара повеќе пари. 
Хусеин беше обесен откако беше прогласен за виновен за злосторства против човештвото. Тој пред да биде соборен од власт во 2003 година владееше со Ирак 23 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top