Германската јавност била шокирана од злосторството кое се случило во неделата вечер во германското место Хамелн, кога 38-годишниот Курд, Нуретин Б. ја влечел по улица својата поранешна девојка (28) врзана со јаже за неговиот автомобил.
Несреќната девојка во моментов е во тешка состојба и докторите се борат за нејзиниот живот.
– Тој својата 10 години помлада поранешна партнерка ја врзал со јаже околу нејзиниот врат кое било прикачено за автомобилот и ја влечел околу 250 метри низ центарот на градот – соопштила полицијата која сѐ уште ги истражува мотивите за ова брутелно злосторство.
28-годишната Кадер К. со хеликоптер била префрлена во болница каде била оперирана, но девојката се уште е во кома. Се претпоставува дека мотивот за оваа бруталност е несогласувањата на парот околу нивниот син.
Со оглед на тоа што сторителот и жртвата припаѓаат на различни курдски кланови кои и во минатото предизвикувале инциденти, полицијата преземала мерки за претпазливост заради страв од одмазда и спречување на нови напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.