| четврток, 6 декември 2018 |

Му го урна споменикот на Садам Хусеин, сега сака да се врати

Во моментите кога беше соборен од власт Садам Хусеин, под налетот на американско-британската машинерија, светот во април 2003 година го обиколи фотографијата на еден Ирачанин како го урива споменикот на ирачкиот диктатор. Повеќе од 13 години подоцна „Вашингтон пост“ го нашол Кадима Шарифа ал Џаборија меѓу милион бегалци во Либан. Тој е истиот лик што е сниман во 2003 година како го крши споменикот.

Не станува збро за љубов кон Садам Хусеин. Ирачаните почувстуваат дека анархијата и исламистичкиот терот се многу полоши од диктатурата.

1080175873577d617c30e7c690954486_v4_big

Но, денес Кадима Шарифа ал Џаборија вели дека не се гордее со тоа што го сторил во 2003 година. Не станува збор за некаква ненадејна љубов кон покојниот претседател, туку дека по падот на Хусеин, животот станувал сè полош и полош.

– И тогаш имаше корупција, судири, убиства, кражби. Бев многу среќен кога го соборија од власт. Но, Садам падна, а на негово место дојдоа илјада други Садами – изјави Кадима, додавајќи дека повеќе од сè сака да се врати диктаторот од мртвите.

Тој инаку бил личен механичар на Хусеин, но, всушност, нема причини лично да жали за него.

Во еден момент паднал во немилсот кај Хусеин и на кратко завршил в затвор. Режимот на Садам убил 15 членови на неговото пошироко семејство. Но, од 2003 година Ирак паднал во состојба на целосна анархија.

Ирак се подели по линија на племенски, верски судири. На сите страни има теростистички групи, од кои Ал Каеда е само една од многуте, за на крајот да ги окупира Исламската држава, која во еден неодамнешен напад на трговски центар во еден момент уби повеќе од 250 лица и тоа среде светиот месец Рамазан.

Ал-Џабори, некогашен борач и кревач на тегови за сегашната состојба ја обвинува и актуелната власт.

– Буш и Блер се лажговци. Го разорија Ирак и не донесоа на нула, на ниво на среден век, можеби и пониско. Ако бев криминалец, ќе ги убиев со голи раце – им изјави тој на новинарите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top