Јажето со кое беше погубен поранешниот претседател на Ирак Садам Хусеин се продава за шест милиони долари. Сегашен сопственик на овој предмет е поранешниот советник за национална безбедност на Ирак, д-р Мовафака Ал-Руби.
Д-р Ал-Руби, кој го водеше Хусеин на погубувањето, е фотографиран во својот дом во Ирак покрај биста на Хусеин, а околу вратот виси јажето.
По објавувањето на фотографијата, голем број луѓе, меѓу кои и двајца бизнисмени од Кувајт, богато семејство од Израел и религиозна организација од Иран, покажале голем интерес за купување на јажето со кое е погубен Хусеин.
Најмногу е понудено шест милиони доалри, но д-р Ал-Руби бара повеќе пари.
Хусеин беше обесен откако беше прогласен за виновен за злосторства против човештвото. Тој пред да биде соборен од власт во 2003 година владееше со Ирак 23 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Синот гледал како татко му ја врзал мајка му со јаже околу вратот и ја влечел низ град
-
Ѕверска одмазда: Поранешната девојка ја врзал со јаже околу врат и со автомобил ја влечел низ градот
-
Осуден на смрт пред точно 10 години: Како Садам Хусеин стана најпознатиот ирачки лидер (Видео)
-
Му го урна споменикот на Садам Хусеин, сега сака да се врати