Поранешниот лидер на Ирак, Садам Хусеин, на денешен ден, пред точно 10 години беше осуден на смрт со бесење. Хусеин својата политичка кариера ја започна во партијата Бат, на свои 20 години. Во 1963 година дојде до раскол во партијата и Садам се приклони кон победничката струја. Во новата партиска прераспредлба стана член на Батистичкото регионално заповедништво.
Само една година подоцна Хусеин го апсат воени офицери кои се противеле на тоа Бат да ја преземе власта. Но, нему му помага еден роднина, генералот Ахмед Хасан ал-Бакр, благодарение на кој во 1966 станува заменик на главниот секретар на Бат.
Тој бега од затворот и втемелува интерна батистичка безбедносна организација наречена Џихаз Ханен, а две години подоцна батистите ја преземаат власта.
Политичкиот ментор на Хусеин и претседател на Ирак, Бакр во 1979 година поднесе оставка, а неофицијално тој бил жртва на борбата на Хусеин за власт.
По Бакр на местото претседател доаѓа Хусеин која набрзо почнува да ја зацврствува својата власт.
Во 2003 година САД и Велика Британија покренаа еднострана воена акција (без дозвола на Обединетите нации) против Ирак за да го симнат од власт. Во тоа успеаја по 3 недели војување, а на 14 декември истата година го уапсија близу Тикрит.
На денешен ден, 2006 година Хусеин е осуден на смрт, а на 30 декември е погубен со бесење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)