| четврток, 6 декември 2018 |

Прибак го предводи квартетот што си заминува од Вардар

Македонскиот репрезентативец Немања Прибак е најзвучното име од квартетот ракометари што ќе си заминат од Вардар на крајот од сезоната. Со него „црвено-црниот“ табор го напуштаат и Марковиќ и руските репрезентативци Чипурин и Растворцев. На сите четворица од раководството на Вардар ваквата одлука им била соопштена уште пред стартот на мундијалот во Катар.

SEHA Vardar Metalurg 10 (Custom)

Вардар ќе се засили со дуетот од Металург, Дејан Манасков и Михајло Марсениќ, со кои веќе е постигнат договор. Тие можат веднаш да играат за „црвено-црните“, но само во домашното првенство и во СЕХА-лигата. Манасков и Марсениќ сезонава играа за Металург во Лигата на шампионите и затоа немаат право на настап за Вардар во елитното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top