Миниалната плата во Македонија за 2013 година ќе изнесува 8.050 денари нето, односно 12.268 денари бруто, одлучи економско-социјалниот совет кој го утврди износот. Во одредени дејности каде што беше предвидено период на усогласување ќе има покачување на платата за 1.471 денар во бруто износ.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски соопштувајќи ги овие информации потврди дека со законот, правото на минимална плата му следува на секој вработен.

-Во износот на минималната плата не се вклучени додатоците за работен стаж, прекувремена работа и работа на празник, а доколку постои основ на истите тие треба да се додадат на утврдениот износ, со задоволство констатирам дека една година по пимена на законот за минимална плата нема дојави за злоупотреби или неправилности во исплатата – потенцира Ристовски.
Синдикатите искажаа задоволство од ваквата одлука која е постигната поради добриот социјален дијалог во земјава.
Ристовски истакна дека зависно од економската состојба отворена е можноста во текот на наредните години минималната плата да биде зголемена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


