Велат со музиката и парите одат кокаинот, коцката, алкохолот… Иако нема правило дека најбогатите се и најпорочни, ова се естрадните ѕвезди што не се срамат од своите пороци и за нив секогаш јавно говорат.
Александар Вуксановиќ, односно Аца Лукас, јавно призна дека имал проблем со дрогата и дека долго време водел тешка битка сам со себе. Како што вели, битката ја добил, а денес апелира до младите да не посегнуваат по овој порок.
Лепа Лукиќ освен за добра песна, е синоним и за коцка. Сака да се напие по некоја чашка плус и со коцкањето во некое белградско казино да побегне од реалноста. Никогаш не проговори на темата, а самиот збор „коцкање“ во интервјуата ја побеснува Лепа.
Бора Чорба е страстен обложувач. Тој секој ден минува по неколку часа во својата коцкарница, која се наоѓа на Вождовац. Секогаш нагласува дека не става големи суми и дека тоа го прави од забава. Не го заобиколува ниту алкохолот.
Весна Змијанац во својата автобиографска книга „Кад замиришу јорговани“ опиша како на почетокот од својата кариера пробала кокаин во Америка и дека нејзиниот најголем порок бил алкохолот. „Знаев да појдам на гробишта кај некоја баба, да седнам и да испијам девет чоканчиња ракија, а потоа да ми се приспие“, изјави во една пригода пејачката, која тогаш размислуваше да отвори дури и центар за рехабилитација за познати личности наркомани и алкохоличари.
Марина Туцаковиќ не крие дека сака да се напише некоја чашка и често изјавува дека соковите не ѝ годат. Сака да денот го почне со пишување текстови во раните утрински часови и со џин-тоник.
Владо Георгиев досега многу пати е фотографиран со чашката в рака. Од виски до пиво, познатиот заводник не крие дека сака алкохол.
Извор: Курир.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









