| четврток, 6 декември 2018 |

Секс, дрога и турбофолк – кои се најпорочните ѕвезди?

lepa-lukic-aca-lukas-viktorija-foto-kurir-1422948674-613459

Велат со музиката и парите одат кокаинот, коцката, алкохолот… Иако нема правило дека најбогатите се и најпорочни, ова се естрадните ѕвезди што не се срамат од своите пороци и за нив секогаш јавно говорат.

Александар Вуксановиќ, односно Аца Лукас, јавно призна дека имал проблем со дрогата и дека долго време водел тешка битка сам со себе. Како што вели, битката ја добил, а денес апелира до младите да не посегнуваат по овој порок.

aca-lukas1

 

Лепа Лукиќ освен за добра песна, е синоним и за коцка. Сака да се напие по некоја чашка плус и со коцкањето во некое белградско казино да побегне од реалноста. Никогаш не проговори на темата, а самиот збор „коцкање“ во интервјуата ја побеснува Лепа.

lepa-lukic1

Бора Чорба е страстен обложувач. Тој секој ден минува по неколку часа во својата коцкарница, која се наоѓа на Вождовац. Секогаш нагласува дека не става големи суми и дека тоа го прави од забава. Не го заобиколува ниту алкохолот.

bora-corba-parovi

Весна Змијанац во својата автобиографска книга „Кад замиришу јорговани“ опиша како на почетокот од својата кариера пробала кокаин во Америка и дека нејзиниот најголем порок бил алкохолот. „Знаев да појдам на гробишта кај некоја баба, да седнам и да испијам девет чоканчиња ракија, а потоа да ми се приспие“, изјави во една пригода пејачката, која тогаш размислуваше да отвори дури и центар за рехабилитација за познати личности наркомани и алкохоличари.

vesna zmijanac 2

Марина Туцаковиќ не крие дека сака да се напише некоја чашка и често изјавува дека соковите не ѝ годат. Сака да денот го почне со пишување текстови во раните утрински часови и со џин-тоник.

marina-tucakovic-1396823079-474843

Владо Георгиев досега многу пати е фотографиран со чашката в рака. Од виски до пиво, познатиот заводник не крие дека сака алкохол.

vlado-georgiev-2

Извор: Курир.рс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top