| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерот што последен го совлада Оливер Кан пред трансфер во Вардар

Валери Домовчиски е пред трансфер во Вардар, а последниот чекор пред да го облече „црвено-црниот“ дрес некогашниот бугарски репрезентативец треба да го направи задутре. За четврток е најавен конечен договор меѓу раководството на Вардар и 28-годишниот напаѓач, што остана запаметен како последен играч што на официјален меч го совладал легендарниот германски голман Оливер Кан.

Домовчиски беше член на Херта од Берлин од 2008 до 2011 година, а првата сезона против Баерн постигна погодок, последен во мрежата на Кан. Потоа Домовчиски замина во Дуизбург и играше две сезони, за да се врати во бугарскиот шампионат во Черно Море па во Левски од Софија.

Hertha BSC - Greuther Fürth

Ако потпише за Вардар, Домовчиски ќе биде вториот фудбалер странец во зимскиот преоден рок што потпишува за македонски клуб, а има искуство со настапи во Бунделсигата.

Мразот го скрши Мохамеду Идризу, 34-годишниот Камерунец кој веќе ја засили Шкендија, а има играно во Ајнтрахт Франкфурт, Борусија Менхенгладбах, Дуизбург, Фрајбург, Хановер и Кајзерслаутерн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top