Менталната магла која ја создава овој виртуелен свет создава нереална слика за сопствените вистински вредности, создава интернет „ херои“ и „славни“ колумнисти. А, всушност , реалноста ги треска од земја и ги враќа таму каде што реално припаѓаат со сета жестина на вистината, кои се и што се. Обични хејтери кои најсилно знаат да удрат по припадничките на женскиот пол. Онака „машки“ со целиот свој кодошко-шупелски капацитет. Жално и Тажно, вели професор Тања Каракамишева во емисијата „Поента“ на Радио Слободна Македонија.
Во однос на однесувањето на опозицијата, Каркамишева вели дека нејзиното хаотично делување е сериозен проблем со кој се обидува да се справи и меѓународната заедница. Таа во неколку наврати ги потсети дека ефикансата демократија се остварува преку институциите на системот, дека местото на опозицијата и е внатре во Собранието во број које е еднаков на волјата на избирачите, дека ниту бојкотот, ниту улицата не можа да и заменат ефикасните механизми кои ги нуди парламентарната демократија, вели Каракамишева.
Цврстиот став на опозицијата дека не се враќа во Собранието додека не се исполнат нејзините пет ултимтивни барања е став кој ниту еден конструктивен фактор надвор и дома не може да го разбере на сериозен начин, бидејки нема сериозна издржаност, вели професор Каракамишева во емисијата „Поента“ на Радио Слободна Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева: Денес почнува кампањата за македонското самоубиство!
-
Каракамишева: Успешен референдум ќе ја испере вината на странците и посебно вината на власта!
-
Каракамишева до сите политичари: Македонците ги исцртаа црвените линии, со нас веќе играње нема!
-
Каракамишева: Во согласност со Уставот може да има само еден мандатар, нема резервен или втор