| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева до сите политичари: Македонците ги исцртаа црвените линии, со нас веќе играње нема!

Левица, десница, центар, сите политичари, сите до еден, чујте не и запомнете! Сумирано од протестите до сега, Македонците во светот и во Македонија ви ги исцртаа сите можни линии на дозволено политичко владеење, до каде може да одите во политиката, што ви е од нас дозволено, ШТО НЕ ВИ Е ОД НАС ДОЗВОЛЕНО! Ако малку имате акал и ако малку знаете да соберете два и два, треба да ви е јасно дека СО НАС ВЕЌЕ ИГРАЊЕ НЕМА!Заврши трпението, пишува професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил по денешните масовни протести низ светот и во Скопје.

– Заврши позицијата чекајте уште малку ќе биде, завршија големите и малите слики, заврши стилот во политиката “Магарето лета, нека лета”, завршија сите ваши задкулисни игри на наша штета. Ви оставивме премногу време, ви дадовме многу трпение, многу простор, енергија, доверба, работите да бидат подобри за сите, ама очигледно ништо не сфативте и не изигравте во секоја смисла. Освен поигрување со нашите чувства, доверба, ставови и мислења, друго не видовме.
Сeга народот бара враќање на работите во свои раце!, вели таа.

– Доста беа игрите од Пржино, неуставните дополнителни, технички министри, технички влади, неуставното СЈО, Мајски договори, Јунски средби, декемвриски расплети, доста ни беа вашите мижи-бутај лидерски средби, доста ни е од вашето лицемерие! Едно да знаете, едно да ви е јасно. Нема да ви дозволиме да го намалите значењето на досегашните протести! Вашите средби договорени на ден пред и на самиот ден по успешно завршените протести нема да го покрие успехот на народот да ви испорача безусловни барања. Народот овој пат ќе опстои на своите барања, ова се ултимативни услови од кои немаме намера да отстапиме. Ако вашите средби се во насока на изнаоѓање решенија за нашите барање, во ред. Но, ако се други намени и цели, повторување на непреинципиелните далавера и изигрување на волјата на народот, тогаш уште сега ви порачуваме, остав! Сите до еден!, пишуваа Каракамишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top