| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева за РСМ: Обични хејтери нaјсилно знаат да удрат по припадничките на женскиот пол

Tatjana Karakamiseva 02 (Custom)Менталната магла која ја создава овој виртуелен свет создава нереална слика за сопствените вистински вредности, создава интернет „ херои“ и „славни“ колумнисти. А, всушност , реалноста ги треска од земја и ги враќа таму каде што реално припаѓаат со сета жестина на вистината, кои се и што се. Обични хејтери кои најсилно знаат да удрат по припадничките на женскиот пол. Онака „машки“ со целиот свој кодошко-шупелски капацитет. Жално и Тажно, вели професор Тања Каракамишева во емисијата „Поента“ на Радио Слободна Македонија.

Во однос на однесувањето на опозицијата, Каркамишева вели дека нејзиното хаотично делување е сериозен проблем со кој се обидува да се справи и меѓународната заедница. Таа во неколку наврати ги потсети дека ефикансата демократија се остварува преку институциите на системот, дека местото на опозицијата и е внатре во Собранието во број које е еднаков на волјата на избирачите, дека ниту бојкотот, ниту улицата не можа да и заменат ефикасните механизми кои ги нуди парламентарната демократија, вели Каракамишева.

Цврстиот став на опозицијата дека не се враќа во Собранието додека не се исполнат нејзините пет ултимтивни барања е став кој ниту еден конструктивен фактор надвор и дома не може да го разбере на сериозен начин, бидејки нема сериозна издржаност, вели професор Каракамишева во емисијата „Поента“ на Радио Слободна Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top