Денес почнува кампањата за македонското самоубиство! Ќе се трошат народни пари без усул за самоубиство со умисла! – напиша на својот профил на „Фејсбук“ професорката Тања Каркамишева, коментирајќи го официјалниот почеток на кампањата за претстојниот референдум.
- Прво да се самоубиеме па да се редиме за влез во ЕУ за што се потребни најмалку 12 години, и во НАТО најмалку 2-3 години! – пишува Каракамишева.
Таа апелира народот да не подлегнува на ова морбидно сценарио.
- Плус, не верувајте на билбордите закачени по градовите дека ќе сме имале бесплатни здравствени и образовни услуги во земјите членки на ЕУ! Зар може да се до толку манипулатори да лажат дека било каде во Европа може да се најде БЕСПЛАТНО здравство и образование, а посебно за нас, демек еве само нас не чекаат да не лечат бесплатно и да не едуцираат бесплатно? ПРОПАГАНДАТА ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ВЕ ЛАЖЕ И ДА ВИ ДАВА ЛАЖНИ НАДЕЖИ како онаа на магарето што му ја давале “НЕ УМРИ МАГАРЕ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА!” – пишува Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каракамишева: Успешен референдум ќе ја испере вината на странците и посебно вината на власта!
-
Каракамишева до сите политичари: Македонците ги исцртаа црвените линии, со нас веќе играње нема!
-
Каракамишева: Во согласност со Уставот може да има само еден мандатар, нема резервен или втор
-
Деканот Давитковски да ги сопре дискриминацијата и насилството на Правниот факултет