Австриските власти покренаа обвинение против британски војник за силување на дете, пренесува Би-би-си.
Властите во централно-европската држава се сомневаат дека војникот на вооружените сили на Обединетото Кралство сексуално злоупотребил и силувал шестгодишно девојче.
Војникот, чие име не се соопштува, уапсен е во јужната провинција Тирол на 29 ноември. Пијаниот маж влегол во заклучена семејна куќа во раните утрински часови и влегол во собата на детето. Војникот бил пронајден од таткото на девојчето, кој се разбудил од шумот во домот.
Војникот ќе се исправибиде изведен пред суд на 10 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



