| четврток, 6 декември 2018 |

Прибак е подобар и се надева на настап против Хрватска

Состојбата со Немања Прибак по вчерашното труење со храна е многу подобра, бекот на македонската репрезентација закрепнува и има можност и да настапи денеска против Хрватска.

Немања Прибак е многу подобар отколку што тоа беше случај во текот на вчерашниот ден. Тој се чувствува многу поздраво, добива на сила откако вчера беше целосно истоштен. Ќе видиме како ќе течат работите во текот на денот, по што непосредно пред мечот ќе донесеме и одлука дали тој ќе настапи против Хрватска“, изјави за „Екипа“ докторот на репрезентацијата, Никола Панчевски.

makedonija-2

Се уште е непознато како дошло до труење со храна, а најважно е што македонскиот репрезентативец е подобар и брзо закрепнува, со надеж дека денеска од 17 часот ќе истрча на теренот против Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top