| четврток, 6 декември 2018 |

Изрежирал дека загинал во Сирија, па се вратил во Англија да изврши четири терористички напади

jihadi_756596S1Британец кој ја изрежирал својата смрт во Сирија за неприметно да се врати во Велика Британија признал дека подготвувал четири терористички напади откако бил уапсен од полицијата, јави Би Би Си.

27 годишниот Имран Каваја од Лондон се борел во Сирија шест месеци во текот на 2014 година. Откако теростичката група Рајат ал Тавхид во јуни лани на социјалните мрежи објавила снимка на која се сугерира дека тој е убиен во борба, Каваја се обиден незабележано да се врати во Англија.

Сега признал дека се подготвувал за терористички напади, дека посетил воен камп и дека поминал обука за ракување со оружје. Полицијата соопштила дека неговата терористичка група во Сирија извршила бројни насилства и дека тој бил вклучен во пропагандни видео пораки на кои држи отсечена глава.

Неговиот роднина , 44 годишниот Тахир Бати, рекол дека му помогнал на Каваја да се врати во Англија така што го превел преку Бугарија. Двајцата се уапсени во англиското пристаниште Довер.

Бати е обвинет за помагање на престапник, додека во истиот случај е покренато обвинение за уште еден маж, 33 годишниот Асим Али кој се товари дека му дал 300 фунти на Каваја за тероризам. Судењето е закажано за февруари.

– Имран Каваја не е ранлив тинејџер кој отпатувал во Сирија затоа што бил принуден. Овој Човек одбрал да биде дел од тероризмот. ТОј е опасен човек трениран терорист, рекол шефот на лондонската противтерористичка единица Ричард Валтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top