Пратениците на Европскиот парламент во рамки на Комитетот за надорешни работи (АФЕТ), попладнево по првпат ќе расправаат за предлог резолуцијата за Република Македонија во однос на последниот прогрес извештај на Европската комисија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, новиот известувач за Македонија, Словенецот Иво Вајгл, во неговото прво дело пред АФЕТ се очекува да претстави балансирана предлогрезолуција што ќе содржи поддршка на Европарламентот на шестата
последователна препорака на Комисијата за отворање на пристапните преговори за нашата земја за членство во Европската унија.
За разлика од претходниот известувач Ричард Ховит, словенечкиот европратеник Вајгл се очекува во предлогрезолуцијата, што и самиот го најави при последната посета на Скопје, повеќепати и за суштински поводи (народ, јазик, нација, држава) да ја користи придавката македонски. Токму затоа, попладнево се очекува жестока дебата во рамки на Комитетот за надворешни работи на ЕП, каде грчките европратеници и ултранационалистот од партијата на Красимир Каракачанов од Бугарија, Ангел Џамбаски, се очекува да имаат многу замерки и амандмани.
Инаку, по денешното претставување на предлогрезолуцијата за Македонија, како и за останатите шест земјикандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, европратениците во рамки на АФЕТ ќе можат да поднесуваат амандмани по писмен пат до 12:00 часот до 29ти овој месец. На почетокот на февруари, Комитетот за надворешни работи на Европарламентот се очекува да ги усвои предлогРезолуциите за Македонија и останатите земји, по што на седница на целиот состав (751 пратеник) на ЕП во Стразбур, европскиот законодавен дом на новиот состав на Европскито парламент се очекува и официјално да ги изгласа Резолуциите во однос на прогресизвештаите на Еврокомисијата.
Овие резолуции на Европарламентот, кои исто како и извештаите на Комисијата минатите шест години содржеа предлози за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во Унијата, за жал, имаат само сила на политичка порака, но не и на извршно дело и се необврзувачки, како за ЕУ и нејзините земјичленки, така и за земјите на кои се однесуваат Резолуциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.