| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал од голови, по 30 минути Македонија – Иран 19-17

Вистински фестивал од голови имаа можност да гледаат симпатизерите на ракометот во Катар, во првиот дел од мечот меѓу Македонија и Иран. По 30 минути игра водиме со 19-17, во ефикасен меч, речиси без одбрани.

Ивица Обрван одлучи да ги одмори главните адути во поголемиот дел од полувремето, а шансата од клупата ја искористи Немања Прибак, кој одигра одлично. Од 5 удари постигна 5 гола и е најефикасен во нашиот табор. Капитенот Кирил Лазаров постигна 4 гола, а по трипати прецизни беа Георгиевски и Вугринец.

makedonija-3

Иран се покажа како незгоден ривал, а во фокусот е нивниот најдобар стрелец Естеки. Македонија сепак е фаворит за втората победа на шампионатот, откако во првото коло го декласиравме Тунис со 33-25.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top