| четврток, 6 декември 2018 |

Бундеслигашки играч во Шкендија, Идрису слета во Тетово

Мохамаду Идрису е нов член на Шкендија и е веројатно најзвучното фудбалски име што ќе настапува во македонската Прва Лига. Идрису потпиша едногодишен договор со клубот од Тетово, а неговото реноме е огромно во светот на фудбалот.

Сега 34-годишниот напаѓач има играно за силни клубови во германската Бундеслига, а во 2011 година кус период играше во Ајнтрахт Франкфурт заедно со нашиот репрезентативец Александар Васоски. Претходно бече член на неколку второлигашки клубови во Германија, а во 2012 година, по едногодишната авантура во Франкфурт, настапуваше и за Борусија Менхенгладбах.

idrisu

Од 2003 година беше и репрезентативец на Камерун, честопати во тандем со легендарниот напаѓач Самуел Ето.

Шкендија доби огромно засилување, а симпатизерите на фудбалот во Македонија напролет ќе гледаат врвен играч и веројатно најдобриот странец што воопшто настапувал во нашата Прва Лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top