Искусниот пикер на македонската репрезентација Ванчо Димовски и голманот Никола Митревски нема да настапат денеска против Тунис на премиерниот меч за нас на Светското првенство во Катар.
Довербата на селекторот Ивица Обрван пред Димовски ја добија Стојанче Стоилов и Никола Марковски, а голмани ќе бидат Борко Ристовски и Петар Ангелов.
Одлуката Димовски и Митревски да не бидат меѓу 16-те одбрани за дуелот со тунижаните не е неочекувана, а дали ќе биде вистински потег на Обрван ќе се знае по 15 часот, кога почнува натпреварот.
Македонија игра во Б групата, а првиот меч е шанса да им се реваншираме на тунижаните за поразот од 24-25 на мундијалот во Хрватска пред 6 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.