| четврток, 6 декември 2018 |

Политички желби: Некоj сони проекти, некоj само сонува

До­кол­ку мо­же да се пред­ви­ди го­ди­на­та спо­ред по­ра­ки­те на по­ли­тич­ки­те ли­де­ри на по­че­то­кот, то­гаш сло­бод­но мо­же да се ка­же де­ка не би тре­ба­ло да се оче­ку­ва­ат го­ле­ми по­тре­си. Та­ка, до­де­ка пре­ми­е­рот нај­а­ву­ва про­дол­жу­ва­ње на ин­ве­сти­ци­ски­те про­це­си, опо­зи­ци­ја­та оста­ну­ва во сфе­ра­та на ду­хов­но­то, парт­не­рот во вла­ста Али Ах­ме­ти че­сти­та­ше во ду­хот на се­меј­на­та тра­ди­ци­ја, а не­го­ви­от со­пер­ник Мен­дух Та­чи си ја по­вто­ри зак­ле­тва­та за се­бе

Го­диш­ни­те прог­но­зи се ре­до­вен дел во јав­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја во пр­ви­те де­сет де­на од го­ди­на­та. „Ре­пуб­ли­ка“ да­де свое ви­ду­ва­ње на оче­ку­ва­ња­та од оваа го­ди­на. Спо­ре­ду­вај­ќи ги, тие не от­ста­пу­ва­ат од пред­ви­ду­ва­ња­та на ре­ле­вант­ни­те хро­ни­ча­ри на де­неш­ни­ца­та. Се­ка­ко де­ка де­но­ви­ве во јав­но­ста се слуш­наа и раз­ни пред­ви­ду­ва­ња на ана­ли­ти­ча­ри кои по­ве­ќе се про­из­вод на лич­ни жел­би и на по­ли­тич­ки стра­сти откол­ку на ре­ал­на ана­ли­за. Но, до­кол­ку цвр­сто се др­жи­ме до ре­ал­но­ста, то­гаш да се пот­пре­ме на ре­ле­вант­ни­те фа­кто­ри. Пр­вич­но, на по­ли­тич­ки­те пла­тфор­ми пре­не­се­ни во го­диш­ни­те по­ра­ки.

 

Nikola-Gruevski-123

Гру­ев­ски: Нај­мал­ку 25 но­ви ин­ве­сти­ции

Пред но­во­го­диш­ни­те и бо­жик­ни праз­ну­ва­ња, по тер­кот на от­чет, кој, ра­ка на ср­це, и го вмет­на во по­ли­тич­ка­та пра­кти­ка во Ма­ке­до­ни­ја, пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски кра­тко се освр­на на до­стиг­на­то­то, но ка­ко увод во нај­а­ви­те за оваа го­ди­на. Тој на гра­ѓа­ни­те им по­са­ка до­бро здрав­је, мно­гу љу­бов, спо­којс­тво и лич­ни ус­пе­си и на при­ва­тен и на про­фе­си­о­на­лен план.

– Не­ка чув­ство­то на сре­ќа во 2015 го­ди­на ве об­зе­ме по­ве­ќе откол­ку во ми­на­то­то, не­ка се ос­тва­рат по­ве­ќе лич­ни и се­меј­ни жел­би и пла­но­ви, не­ка Бог ни да­ри до­бра мис­ла би­деј­ки ка­кви ни се мис­ли­те, та­ков ни е жи­во­тот – по­са­ка Гру­ев­ски.

Гру­ев­ски нај­а­ви нај­мал­ку 25 но­ви ком­па­нии во 2015 го­ди­на, про­дол­жу­ва­ње со на­по­ри­те за членс­тво во ЕУ и во НА­ТО, мно­гу ра­бо­та за гра­деж­ни­от се­ктор и из­град­ба на ка­пи­тал­ни ин­фра­стру­ктур­ни об­је­кти, ре­фор­ми во обра­зо­ва­ни­е­то, ин­ве­сти­ции во здрав­ство­то. Гру­ев­ски по­со­чи и на по­да­де­на­та ра­ка за со­ра­бо­тка со опо­зи­ци­ја­та на­де­вај­ќи се де­ка отка­ко до­жи­веа еден од нај­те­шки­те по­ра­зи во нив­на­та исто­ри­ја во 2015 го­ди­на ќе изв­ле­че по­у­ка од сопс­тве­ни­те гре­шки и ќе ја раз­бе­ре по­ра­ка­та на на­ро­дот. По­да­де­на­та ра­ка е од ин­те­рес на др­жа­ва­та и на на­ро­дот, де­мо­кра­ти­ја­та и ид­ни­на­та.

– Со гнев, зло­ба, без идеи и про­е­кти, со не­у­мес­ни ус­ло­ву­ва­ња, со ма­ни­пу­ла­ции и ин­три­ги не се осво­ју­ва под­др­шка­та на гра­ѓа­ни­те. На­про­тив, со мно­гу труд, ра­бо­та, по­све­те­ност, искре­ност и кре­и­ра­ње до­бро об­мис­ле­ни и прес­ме­та­ни идеи за си­те гра­ѓа­ни – ука­жа Гру­ев­ски.

По­крај за­фа­ти­те во обра­зо­ва­ни­е­то и во здрав­ство­то, го­ди­на­ва прет­сто­јат и из­ме­ни на Уста­вот, комп­лет­но но­ва за­кон­ска ре­гу­ла­ти­ва во ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, па­кет круп­ни из­ме­ни во судс­тво­то и дру­ги за­фа­ти.

 

Zoran-Zaev-123

За­ев: Из­ми­на­ла уште ед­на го­ди­на…

По­ра­ка со жел­би и ви­ду­ва­ња бе­ше упа­те­на и од опо­зи­ци­ја­та. По­точ­но од ли­де­рот на СДСМ. Во неа се на­ве­де­ни па­у­шал­ни ви­ду­ва­ња за го­ди­на­та, со умес­но вмет­на­то прав­да­ње за из­бор­ни­от по­раз и ла­жен обид за со­чув­ство со гра­ѓа­ни­те. Осо­бе­но што во „по­е­тич­ни­от во­вед“ тво­ре­цот на тоа де­ло го оста­вил ли­де­рот „не­о­све­стен“ де­ка из­ми­на­ла го­ди­на­та.

Дел од кри­тич­ка­та јав­ност оче­ку­ва­ше од не­го ба­рем да да­де уште ед­на нај­а­ва за не­го­ви­те бом­ба­шки дејс­тва, да да­де кон­крет­ни де­ла во на­со­ки за кои сме­та де­ка се ре­ле­вант­ни. На при­мер, во по­ра­ка­та изо­ста­ну­ва дел во кој тој се за­ре­ку­ва де­ка ќе се бо­ри за афир­ма­ци­ја на др­жа­ва­та и за евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции пре­ку со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те клу­бо­ви и ре­ла­ции со ме­ѓу­на­род­ни­те по­ли­тич­ки ин­сти­ту­ции. Или за еко­ном­ско по­до­бру­ва­ње на гра­ѓа­ни­те до­кол­ку сме­та де­ка не е до­вол­но на­пра­ве­но. Или де­ка, до­кол­ку не ус­пее во на­ме­ра­та да пре­диз­ви­ка из­бо­ри, ко­неч­но ќе ја ви­ди­ме фа­моз­на­та „вла­да во сен­ка“ од ка­де што ќе се ну­дат ал­тер­на­ти­ви на ин­сти­ту­ци­о­нал­ни­те др­жав­ни по­ли­ти­ки. Во овој дел мо­же да се на­бро­ју­ва уште мно­гу. За спо­ред­ба на си­те овие „или“ го пре­не­су­ва­ме увод­ни­от дел од ку­со­то обра­ќа­ње на За­ев.

„Из­ми­на­ла уште ед­на го­ди­на. Ед­вај ги кр­пев­ме ме­се­ци­те. Не од­лу­чу­вав­ме сло­бод­но. Не­ма­ме спо­кој­на ид­ни­на на де­ца­та…“

Па, се на­до­вр­зу­ва­ат дру­ги мис­ли.

„Но, јас сум до­бар чо­век, са­кам да сум до­бар ро­ди­тел и до­бар гра­ѓа­нин. Не си са­мо ти при­ја­те­ле што се ма­чиш…“

И За­ев, од удоб­на­та гра­до­на­чал­нич­ка стру­мич­ка фо­тел­ја по­со­чу­ва на по­да­де­на ра­ка. Ве­ли, по­треб­ни сме си си­те еден на друг. Да си по­да­де­ме ра­ка, се­кој се­ко­му, и та­ка цвр­сто пот­пре­ни еден на друг да вле­зе­ме во но­ва­та го­ди­на. На не­го е да­ли го­ди­на­та ќе ја при­фа­ти по­ну­да­та.

 

ahmeti-123

Ах­ме­ти: СДСМ да ви­ди при­мер во Ал­ба­ни­ја

„Не ед­наш ка­жав де­ка за сво­и­те до­бри идеи за др­жа­ва­та, тие има­ат до­бар парт­нер во ДУИ и ќе ја има­ат на­ша­та под­др­шка“, по­со­чи Али Ах­ме­ти, ли­де­рот на ДУИ, ко­а­ли­ци­ски­от парт­нер во вла­ста.

Тој не­кол­ку де­на пред но­во­го­диш­на­та ноќ им по­са­ка да се вра­тат во со­бра­ни­ски­те клу­пи би­деј­ќи тоа „не е са­мо во наш ин­те­рес, ту­ку е до­бро, пред сѐ, за др­жа­ва­та“.

– Са­ка­ме опо­зи­ци­ја­та пред­во­де­на од СДСМ да се вра­ти во пар­ла­мен­тот со сво­и­те ман­да­ти, ка­ко што тоа го сто­ри опо­зи­ци­ја­та во Ал­ба­ни­ја. Ре­ше­ни­е­то не го гле­да­ме во од­зе­ма­ње на нив­ни­те пра­те­нич­ки ман­да­ти за­што вра­ќа­ње­то на пра­те­ни­ци­те во Со­бра­ни­е­то на Ма­ке­до­ни­ја го отво­ра па­тот на ди­ја­ло­гот и ги про­дол­жу­ва де­ба­ти­те – по­ра­ча Ах­ме­ти.

Ах­ме­ти се на­вра­ти на жел­ба­та за кон­сен­зу­ал­ност, таа што се оби­де да ја на­мет­не за из­бор на пре­тсе­да­тел, се­га нај­а­ви обид при из­бо­рот на др­жав­ни­от грб.

Про­дол­жу­ва­ме со на­ше­то за­ла­га­ње да би­де при­фа­те­на кон­сен­зу­ал­но­ста ме­ѓу две­те нај­го­ле­ми ет­нич­ки за­ед­ни­ци. Го по­ну­див­ме кон­сен­зу­ал­ни­от прин­цип и за из­бо­рот на др­жав­ни­те сим­бо­ли, до­да­де Ах­ме­ти оце­ну­вај­ќи де­ка со парт­не­рот во вла­ста …има­ме сог­лас­ност по мно­гу пра­ша­ња, но има и раз­ли­ки, за кои раз­го­ва­ра­ме и ба­ра­ме ре­ше­ни­ја.

– Тре­ба мно­гу хра­брост и труд за ре­ша­ва­ње на круп­ни­те проб­ле­ми во др­жа­ва­та – наг­ла­си ли­де­рот на ДУИ.

 

menduh-taci-123

Та­чи: Ќе знам да ја ра­ко­во­дам пар­ти­ја­та

Пра­во­то за но­во­го­диш­на жел­ба ја иско­ри­сти и пре­тсе­да­те­лот на ДПА, Мен­дух Та­чи. За 2015 го­ди­на оче­ку­ва де­ка пар­ти­ја­та ќе за­јак­не и оти ќе би­де глав­на­та и нај­го­ле­ма пар­ти­ја на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја.

– Ги уве­ру­вам лу­ѓе­то де­ка ќе знам да ја ра­ко­во­дам пар­ти­ја­та кон це­ли­те на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја – ве­ли Та­чи. За 2015 го­ди­на сме­та де­ка ќе би­де по­ло­ша од ми­на­та­та, а ма­ла на­деж гле­да во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца.

 

На­ме­сто зак­лу­чок

Ко­га ќе се су­ми­ра­ат иска­зи­те, не е да­ле­ку тоа што го пред­ви­де „Ре­пуб­ли­ка“. По ми­на­та­та из­бор­на го­ди­на, го­ди­на­ва фо­ку­сот ќе би­де ста­вен врз еко­но­ми­ја­та и врз круп­ни­те ин­фра­стру­ктур­ни за­фа­ти што се поч­на­ти. Ал­бан­ски­от пар­тер во вла­ста по­втор­но си по­са­ка да на­мет­не но­ви „пра­ви­ла на игра“, за кои и до­се­га не­ма­ше зе­ле­но свет­ло. По­ли­тич­ки, ра­ка­та кон опо­зи­ци­ја­та оста­ну­ва по­да­де­на, и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Кол­кав е ин­те­ре­сот СДСМ во це­лост да се вра­ти во ин­сти­ту­ци­и­те, ду­ри и Мен­дух Та­чи по­со­чи де­ка ако ѝ е од ин­те­рес, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца ќе ја вра­ти СДСМ во пар­ла­мен­тот, но та­ков сиг­нал не се гле­да. Од опо­зи­ци­ја­та, спо­ред по­ра­ки­те и по­са­ка­но­то, ќе се оста­не на праз­ни фло­ску­ли без ни­ка­ква жел­ба или обид за да се по­ну­ди ал­тер­на­ти­ва на се­гаш­на­та апа­ти­ја во ко­ја се за­пад­на­ти.

Се­ка­ко, не смее да не се зе­мат пред­вид иску­ше­ни­ја­та што сто­јат отво­ре­ни пред Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но во но­во­то ре­по­зи­ци­о­ни­ра­ње на свет­ски­те си­ли на вли­ја­ни­ја, во мо­мен­ти на европ­ска за­тво­ре­ност. Но, ка­ко и до­се­га, со до­бро по­зи­ци­о­ни­ра­ње и за­фа­ти кон еко­ном­ско за­јак­ну­ва­ње, Ма­ке­до­ни­ја и тоа мо­же да го пре­бро­ди лес­но, ка­ко што и во из­ми­на­ти­от пер­и­од по­ми­на низ два та­кви пер­и­о­да, пот­тик­на­ти од европ­ски­те и од свет­ски­те криз­ни бра­но­ви.

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 123. број на неделникот „Република“, 9.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top