| четврток, 6 декември 2018 |

Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, за утре прогласи Ден на жалост поради смртта на поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот како знак на државна и граѓанска почит поради неговиот придонес за слободата на Косово.

И во САД за утре е прогласен Ден на жалост.

Претседателот Буш постариот на Косово, меѓу другото, се памети по тоа што во 1992 година упати писмо до претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, наведувајќи дека САД се спремни да употребат воена сила против Србите на Косово и во Србија во случај да дојде до судир на Косово предизвикан од акции на српските сили.

Џорџ Херберт Вокер Буш почина на 30 ноември на 72-годишна возраст. Тој беше претседател од 1989 до 1993 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top