Во Кочани двајца браќа се скарале се бомби.
Полициската станица во овој град поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(42) од Кочани, за сторени две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „лажно пријавување на кривично дело“.
На 25.10.2014 година, пријавениот во ПС Кочани пријавил дека неговиот брат Е.Ј. во својот дом каде заедно живеат неовластено чувал четири бомби и два пиштоли, по што од страна на полициски службеници е извршен претрес и е пронајдена хемиска рачна бомба. По извршен разговор е утврдено дека по настаната расправија помеѓу браќата, Е.Ј. му ја одзел бомбата на Ф.Ј. и ја чувал кај него, информираат од полицијата.
Инаку, пријавениот кон крајот на август 2014 година, неовластено ја набавил бомбата од лице од Кочани, кој пак ја пронашол во контејнер во Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не лупнам глупост, ама скарата го загадува воздухот – лупна и остана градоначалник на Кочани (видео)
-
Кочанскиот ориз не е ГМО
-
Драма во центарот на Белград: За влакно избегнат хорор, пронајдени бомби во торба која се распаѓала
-
Томаж Космач и Марко Брецељ гостуваат во Кочани на промоцијата на книгата „Панкот не е мртов“