Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриена голема количина на експлозивни направи и муниција.
Како што информираат белградските медиуми, граѓаните меѓу црквата Свети Марко и зградите во Таковска улица забележале оставен сомнителен ранец и веднаш за тоа ја известиле полицијата. Според првичните информации, во ранецот биле пронајдени две димни бомби, солзавец, спорогоречки фитили за динамит, 20 куршуми и 5 детонарски каписли.
Ранецот во кој се наоѓало оружјето бил во фаза на распаѓање, што значи дека бил оставен на лоцираното место подолг временски период, преставувајќи опасност за минувачите, информираат медиумите.
Од полицијата информираа дека засега немаат прецизни податоци за откриеното оружје и екслозивните направи, за што се работи, како и дека прават увид на местото каде е откриено оружјето, додавајќи дека нема никаква закана по граѓаните и околните објекти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.