| четврток, 6 декември 2018 |

Сердарот

gorazd-capovski-90x115

Колумнист: Горазд Чаповски

Пр­ли­чев, по­ет, пре­род­бе­ник, бо­рец про­тив цр­ков­но-про­свет­на­та про­па­ган­да на Ца­ри­град­ска­та па­три­јар­ши­ја, вос­пи­ту­вач на илин­ден­ска­та ге­не­ра­ци­ја. Од ја­зи­чен ас­пект, Пр­ли­чев е тро­до­мен автор: ма­ке­дон­ски, грч­ки и бу­гар­ски што, пред сè, се дол­жи на не­по­сто­е­ње стан­да­ри­зи­ран ма­ке­дон­ски ли­те­ра­ту­рен ја­зик. Ро­ден во Охрид, 1829 го­ди­на, пр­ви­от ли­те­ра­ту­рен ја­зик со кој се сре­ќа­ва е грч­ки­от, кој го ко­ри­стел до об­ја­ву­ва­ње­то на „Сер­да­рот“, ко­га ја сог­ле­ду­ва грч­ка­та фа­на­ри­от­ска по­ли­ти­ка и се отка­жу­ва од не­го. Би­деј­ќи чув­ству­вал по­рив да тво­ри тој на­шол спас од фа­на­ри­о­ти­те во сво­и­те ма­ке­дон­ски ко­ре­ни, во Све­тик­ли­мен­то­ва­та тра­ди­ци­ја и поч­ну­ва да го ко­ри­сти најб­ли­ски­от стан­дар­ди­зи­ран ја­зик во тоа вре­ме, бу­гар­ски­от. Чув­ству­вај­ќи не­ви­де­на фру­стра­ци­ја во овој кон­текст, во сво­ја­та авто­би­о­гра­фи­ја Пр­ли­чев ќе на­пи­ше: „Пре­ве­ду­вав на бу­гар­ски, не ка­ко са­кав, ту­ку ка­ко мо­жев. Зна­ев де­ка тој пре­вод не ми­ри­са­ше мно­гу на бу­гар­ски“.

Пе­ри­о­дот во кој жи­вее и тво­ри Пр­ли­чев е поз­нат ка­ко ро­ман­ти­зам, а во ма­ке­дон­ска­та умет­ност ка­ко пре­род­ба. Ро­ман­тич­ни­те идеи ги до­би­ва пр­венс­тве­но од сво­јот учи­тел Ди­ми­три­ја Ми­ла­ди­нов. Ка­ко автен­ти­чен ро­ман­ти­чар ќе из­ја­ви: „Се­кој пи­са­тел тре­ба да пи­шу­ва во ду­хот на на­ро­дот свој и на сво­ја­та епо­ха“. Се­пак, Хо­мер бил по­е­тот ко­му Пр­ли­чев најм­но­гу му се вос­хи­ту­вал. Не слу­чај­но епот е не­го­ва рам­ка за из­ле­ва­ње на по­ет­ски­те по­ри­ви. За не­го­во­то ре­мек-де­ло, „Сер­да­рот“, на ано­ни­мен по­ет­ски кон­курс во Ати­на, ќе би­де овен­чан со ла­вров ве­нец и ќе го до­бие епи­те­тот втор Хо­мер. Се­пак, тоа што најм­но­гу им­пре­си­о­ни­ра кај Пр­ли­чев е бор­ба­та за ос­ло­бо­ду­ва­ње од цр­ков­на­та власт на Ца­ри­град­ска­та па­три­јар­ши­ја. Оваа бор­ба би­ла во­де­на за­ед­нич­ки од стра­на на на­се­ле­ни­е­то во Ма­ке­до­ни­ја и во Бу­га­ри­ја, а ме­ѓу глав­ни­те ба­ра­ња би­ла и об­но­ва­та на Охрид­ска­та ар­хи­е­пи­ско­пи­ја. Охри­ѓа­ни би­ле ед­ни од нај­же­сто­ки­те про­тив­ни­ци на Па­три­јар­ши­ја­та и на по­гр­чу­ва­ње­то што го но­се­ла таа.

Во овој пер­и­од Пр­ли­чев ја ис­пе­ва ед­на од нај­у­ба­ви­те ма­ке­дон­ски пес­ни, „1762 ле­то“. Пес­на­та што со огром­но за­до­волс­тво и са­ми­от ја из­ве­ду­вам, збо­ру­ва за суд­би­на­та на пос­лед­ни­от ар­хи­е­пи­скоп, Ар­се­ниј, кој со указ на тур­ски­от сул­тан е раз­ре­шен, а цр­ква­та уки­на­та. Во овие игри, се­ка­ко, би­ле ин­вол­ви­ра­ни и грч­ки вла­ди­ци од Ца­ри­град, а нив­на­та рас­и­па­ност Пр­ли­чев ќе ја опее во сти­хо­ви­те: „Ќе пра­тат вла­ди­ци Гр­ци, / ли­цем свет­ци, ср­цем в’лци, / Ќе ве да­ват, ќе ве стри­жат, ќе м’лзат до крв“. Ома­ло­ва­жу­ван и на­вре­ду­ван, лич­но не­за­до­во­лен, Пр­ли­чев не ус­пе­ал во на­по­ри­те за соз­да­ва­ње ли­те­ра­ту­рен ја­зик. Со не­го­ва­та смрт во 1893 за­вр­шу­ва ед­на, а поч­ну­ва но­ва ера, во ко­ја не­го­ви­те уче­ни­ци ќе ја фор­ми­ра­ат ВМРО, а еден од нив ќе ја соз­да­де епо­хал­на­та „За ма­ке­донц­ки­те ра­бо­ти“.

(објавено во 21. број на неделникот „Република“, 25.01.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top