Камион пропаднал и се превртел денеска на новиот кружен тек кај Поштата во Прилеп. Нема жртви, ни повредени.
Видео од овој настан е објавен на „Јутјуб“ на СДСМ – Прилеп. Партијата веднаш го искористила овој настан за да ја нападне општинската власт, која ја има ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение стои:
– Тоа е резултат на лошата изведба и процена за изгледот на кружниот тек, кој не ги исполнува основните критериуми и стандарди за кружен тек според потребите за локацијата. На добронамерните и навремени укажувања од СДСМ, уште пред почетокот на градбата, беше одговорено од страна на општинскиот раководител за патишта дека кружниот тек е проектиран, така што камионите што ќе минуваат преку него ќе се качуваат на тротоарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.