| четврток, 6 декември 2018 |

Земја на изненадувања – Што ќе ви се случи ако стопирате на Куба?

cuba3

Претседателот Барак Обама реши да ја отвори вратата на Куба по долги 56 години ембарго. Тоа подразбира повторно отворање на нивните амбасади, како и обновување на трговските односи. Еве како изгледаше животот на Куба во текот на 50-годишната изолација.

1) Куба е една од две земји на светот во кои е забрането да се продаваат производи на „Кока-Кола“. Другата е Северна Кореја.

2) Кога имал 12 години, Фидел Кастро му напишал на претседателот Рузвелт и го замолил да му прати пара од 10 долари бидејќи никогаш не ја видел.

3) Пред да го потпише ембаргото за Куба, Џон Ф. Кенеди купил 1200 кубански цигари.

4) Куба е една од најписмените земји на светот со 99,8 отсто писмено население. Малку е над САД, со 99 отсто писмени.

5) Фидел Кастро е роден на петок 13.

6) Во 2009 година американската влада направи лажна кампања на „Твитер“ за да собере информации за Кубанците. Исто така, потрошија 630.000 долари на лажни проамерикански страници на социјалната мрежа „Фејсбук“.

7) Фидел Кастро еднаш рекол дека годишно заштедува 10 дена бидејќи не се бричи.

8) Ако стопирате на Куба, државните возила имаат законска обврска да застанат и да ве земат.

9) ЦИА во една пригода сакала Фидел Кастро да го изложи на хемикалии од кои би му паднала брадата.

10) Само 5 отсто Кубанци имаат пристап на интернет.

11) Една од првите работи што Фидел ги наредил кога станал лидер на Куба било уништување на сите примероци на монопол во земјата.

12) До 2008 година на Кубанците им било забрането да имаат мобилни телефони.

13) На Куба има премногу доктори по медицина, па Владата ги праќа во разни држави во светот во кои се потребни лекари.

14) Фидел Кастро бил голем фан на Џон Ленон бидејќи го сметал за вистински револуционер. Дури му подигнал и споменик.

15) Божик не бил официјален празник на Куба до 1997 година, кога ги посетил папата Јован Павле Втори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top