| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ќе добие интернет-продавница за сончеви колектори

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска ќе ја пушти во употреба електронската продавница за продажба на сончеви колектори и резервна опрема за уреди за користење на сончевата енергија, „Екосолар“.

Промоцијата на е-продавницата www.ecosolar.mk, ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општество и за администрација. Отворањето на продавницата е во рамките на проектот за развој на е-трговијата во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top