Саудиска Арабија сака 10 отсто од своите потреби за електрична енергија да ги покрива од обновливи извори во наредните неколку години.
Така таа држава сака да го трансформира својот енергетски сектор, изјавил саудискиот министер за енергетика Калед ал Фалих.
Саудиска Арабија, како најголем извозник на нафта на светот, исто така ќе ја продава својата технологија и енергија добиена од обновливи извори, додал тој.
Ал Фалих најавил дека ќе бидат „реализирани 30 проекти“ како во наредната деценија би се достигнала целта на производство на електрична енергија од обновливи избори од 10 гигавати.
„Спомнатиот проект ќе чини помеѓу 30 и 50 милијарди долари, а делот од енергија од обновливи извор во вкупна потрошувачка на енергија до 2023 година ќе изнесува 10 проценти“, рекол ал-Фалих на почетокот на Инвестициониот форум за обновливи извори на енергија во Ријад.
Моментално речиси целокупната електрична енергија во Саудиска Арабија се добива од нафта или природен гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.