| четврток, 6 декември 2018 |

Србија: Татко си го фрлил бебето од третиот кат

bebe

Бебе старо само 15 дена починало утрово во Белград, Србија откако таткото го фрлил од третиот кат. Таткото бил нервно растроен, потврдуваат од Брзата помош за српските медиуми.

Портпаролката на Брзата помош во Белград добила повик за интервенција рано утрото во 5.28 часот, но екипата кога дошла можела да констатира само смрт на бебето.

Таткото на девојчето К.З. има 35 години и веднаш бил префрлен на психијатрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top