| четврток, 6 декември 2018 |

Татко си го фрлил бебето низ прозорец

полиција

Бебе старо околу 15 дена трагично настрада рано утрово откако таткото среде нервно растројство го фрлил низ прозорец.

Споменатата трагедија се случила околу 5.28 часот во Дрнчиќевата улица во Белград, кога таткото на девојчето старо само 15 дена поради нерво растројство го фрлил бебето низ прозорецот од третиот кат на зградата.

Медиумите јавуваат дека се одвивала вистинска драма и дека биле потребни неколку полициски патроли за да се совлада разбеснетиот татко, кој потоа е префрлен во психијатриска болница.

-Повикот до лекарската екипа стигнал утрово во 5.28 часот дека татко го фрлил новороденчето низ прозорец. За жал, Итната медицинска помош можела само да констатира смрт кај девојчето во 5.55 часот. Таткото на возраст меѓу 35 и 36 години со полициска придружба е префрлен во психијатриската болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“ – изјави портпаролот на Итната медицинска помош д-р Нада Мацура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top