| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Мојсов потпиша шестмесечен договор со Лирс

Македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов како што објави „Екипа“ и официјално е член на белгискиот прволигаш Лирс. Договорот меѓу двете страни е со траење од шест месеци со можност да се продолжи на уште три години доколку Лирс успее да обезбеди опстанок оваа натпреварувачка сезона.

– Среќен сум што на Божик потпишав нов договор. Од денеска сум член на белгискиот клуб Лирс. Ги минав медицинските прегледи по што ставив потпис на шестмесечен договор во кој има опција за продолжување на уште три сезони, доколку тимот успее да избори опстанок во прволигашката конкуренција. Сега веднаш се упатувам за Португалија, каде останатиот дел од тимот веќе се подготвува за вториот дел од сезоната. Се надевам дека ќе помогнам Лирс да бележи успеси во наредниот период и да ја оствари својата цел – изјави Мојсов.

Во изминатата сезона Мојсов беше член на норвешкиот тим Бран, но стана слободен играч откако тимот не обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција.
Во редовите на Лирс претходно настапуваа уште неколкумина Македонци, Бобан Грнчаров, Ндерим Неџипи, Игор Саша Николовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top