Реномираните светски обложувалници и даваат незначителни шанси на Македонија во битката за медалите и за подвиг и освојување на круната на Светското ракометно првенство во Катар.
Според познатата „Вил Хил“ македонските ракометари се 13. фаворити во конкуренција на 24 репрезентации на мундијалот со коефициент од 150 за освојување на шампионската круна. Тоа би значело добивка од 15.000 денари на уплатени 100 денари ако се случи чудо и Македонија стане светски првак. „Вил Хил“ не рангира како втор фаворит за првото место во стартаната фаза во Б групата со коефициент 14, зад Хрватска, а пред Тунис, БиХ, Австрија и Иран.
Најошо не рангира „Бет 365“ со коефициент 251 за освојување на титулата светски првак и како четврти фаворити за пласман на првата позиција во Б групата со коефициент 16, зад Хрватска (1,14), потоа и Тунис (12) и БиХ (14).
Македонија има повисоки амбииции, а првична цел е пласман во четвртфиналето, што отвара можност за битка на Летните олимписки Игри во Рио Де Жанеиро во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



