
Кви Јуанјуан од Дженгджу, главниот град на провинцијата Хенан, почина точно после 100 дена од раѓањето на нејзиниот син Нианиа.
Таа во месец март дознала дека е бремена, но нејзината среќа била прекината кога дознала дека страда од последната фаза на малиген тумор.
За да не му наштети на нејзиното бебе, таа ја прекинала хемотерапијата што овозможило проширување на ракот.
Кога во септември состојбата и се влошила, била префрлена во болница, а со царски рез на свет бил донесен нејзиниот син Нианиа.
После тоа таа била на операција за отстранување на малигниот тумор, но веќе било предоцна. Нејзините шанси за излекување биле многу мали. Ја советувале да се врати дома и преостанатото време да се грижи за нејзиниот син.
Кви почина на 12.декември откако заедно со семејството прославија 100 дена од раѓањето на синот, традиција која се практикува во сите кинески фамилии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


